Почетна / Вести Македонија / Државно земјоделско земјиште и над 10 хектари ќе се продава електронски

Државно земјоделско земјиште и над 10 хектари ќе се продава електронски

Министерството за земјоделство достави предлог за измени на Законот за продажба на државно земјоделско земјиште според кои државните парцели над 10 хектари ќе се продаваат по пат на електронско јавно наддавање, но истовремено учесниците на јавен оглас да имаат заинтересирани правни и физички лица кои ги имаат подмирено сите давачки кон државата.

Според предлог-законот кој е на прво читање во Собранието, учесниците на јавниот оглас за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост во закуп за површини над 10 хектари се должни да достават доказ за намирени обврски по однос на даночни обврски и придонеси по основ на персонален данок на доход, данок на додадена вредност, данок на добивка, придонеси од задолжително социјално осигурување, бизнис-план кој содржи основни податоци за учесникот, целта за која ќе го користи земјиштето, применета технологија, број на вработени, пазарни аспекти, очекувани производно – економски резултати, банкарска гаранција за учество на јавен оглас.

Во јавниот оглас за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост во закуп за површини над 10 хектари може да биде утврдена и друга документација и тоа, доказ од надлежен орган за висината на годишен обрт на капитал на фирмата која аплицира за купување на државно земјоделско земјиште.

Исто така, потребен е и доказ од надлежен орган за бројот на вработени лица во правното лице кое ќе се пријави на јавниот оглас, изјава за висината на инвестициите на земјоделското земјиште предмет на јавниот оглас и изјава за бројот на планирани вработувања.
Постапката за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост под закуп за површини над 10 хектари може да се спроведе иако во неа учествувал само еден понудувач и ако наддаде над почетната цена.

Министерството управува и оперира со електронскиот систем за јавно наддавање.

Извор: vecer.com.mk

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …