Изградба на винарии, откупно-дистрибутивни центри и преработувачки капацитети во Валандовско најави заменик министерот за земјоделство, Зоран Коњановски ја посети локацијата каде се планира изградба на развојна зона за лесна незагадувачка индустрија и оствари средба со претставници на земјоделците. Оттаму порача дека соработката на државните институции со локалната власт треба да биде меѓу приоритетите за развој на земјоделството.
– Радува фактот што изминатиов период имаме одлична соработка со локалната самоуправа во Валандово и со градоначалникот Николче Чурлиновски. Тоа резултираше со конкретни проекти во земјоделството. Веќе се утврдени локации за изградба на винарии, а од огромно значење е и оваа зона која е во тек на урбанизација. Во неа се предвидени 7 локации за изградба на откупно-дистрибутивни центри и преработувачки капацитети за земјоделски производи – рече Коњановски. Според него, тоа ќе ја подобри економската слика во Валандово.
– Само со заедничка работа и соработка со општините можеме да зборуваме за нови дела во земјоделството – истакна заменик министерот, потенцирајќи го ангажманот на Чурлиновски за развој на секторот и решавањето на проблемите на земјоделците.
Извор: vecer.com.mk
агри.мк Портал за промоција, развој и поттикнување на земјоделството во Македонија