Во Тиквешијата почна шпицот во наводнувачката сезона. Каналите на хидро-мелиоративниот систем „Тиквеш“ се стопроцентно полни, а користењето вода за наводнување е максимално, информира Илија Темелковски, технички директор на Водостопанство “Тиквеш“ од Кавадарци.
-Дојдовме до период кога сите зејоделски култури имаат потреба од вода за наводнување. На половина сме од наводнувачката сезона. Со добра организација ние и водните заедници успеваме да ги задоволиме потребите на нашите водокорисници,
Според него, вода немаат само корисниците од една водна заедница поради дефект на водоводната мрежа.
„Тиквеш“ наводнува околу 8.5 илјади хектари земјоделска површина.
Извор: kurir.mk
агри.мк Портал за промоција, развој и поттикнување на земјоделството во Македонија