Почетна / Вести Македонија / Велкови од Kавадарци имаат ж’та стара еден век

Велкови од Kавадарци имаат ж’та стара еден век

Наследниците на кавадаречкото семејство Велкови, кои ја имале првата винарска визба во Македонија, се гордеат што имаат алкохолен пијалак произведен во 1919 година и, како што велат, ракијата е како течно злато.

Речиси еден век има најстарата ракија во Македонија, која како фамилијарно богатство ја чува кавадаречкото семејство Велкови. Со многу љубов и внимание била приготвена во минатиот век, во 1919 година. Оттогаш, како што велат, се дегустира голтка по голтка, само во специјални пригоди. Деновиве го посетивме домот на Цветанка и Никола Велкови во центарот на Kавадарци. Во подрумската просторија на нивната куќа домаќинот ни го отвори дрвениот сандак, на кој долги години покрај катанецот стоело напишано „не чепкај“.

– Овој сандак е дрвен и стар, но за мене е златен бидејќи во него има шишиња со ракија жолта како растопено злато. Ова не е ракија, ова е мозок. Прав зејтин е, се лизга во грлото. Додека се лизга, не ја осеќаш јачина од алкохолот во неа, оти е пивка, не е дива како пресната ракија, а потоа е вистинска бомба во организмот. Нема мирис, не ~ е рамен коњак. Со годините воопшто нема изгубено од квалитетот – ни објаснуваше Никола додека во рацете го вртеше правливото шише извадено од сандакот.

Ова шише гревота е да се исчисти, ќе изгуби од магијата, беше нашиот коментар.

Никола потекнува од позната кавадаречка семејна лоза. Долго ни раскажуваше за традицијата на правење ракија и вино кај Велкови. Неговиот дедо Александар ја имал првата винарска визба во Македонија уште во 1885 година, а своевремено соработувал и со сопствениците на грчка „метакса“. Не знае точно зошто, ама во минатото старата ракија во семејството ја викале „апсан џика“.

– Откако била направена оваа ракија, најпрвин одлежала едно седум години во дабово буре за да добие природни екстракти и да добие квалитет. Бојата ~ е од бурето. Потоа дедо ми ја спакувал во шише. Најпрвин со плутена тапа. На секое шише одозгора му ставил најлонче, па го подврзал со врзалка, како што гледате, за да не дише и алкохолот да не испари. Kога ќе се стави во шише, ракијата оживува, што се вели. Така милуваме да кажеме ние во Тиквешко, најголемиот лозаро-винарски регион во Македонија познат и надвор. Ракијата е дестилат. Ако ја ставите во пластични или во стаклени шишиња, балони или туби, без претходно да прележи во буре, кога ќе ја отворите ќе биде дива како штотуку печена. Во дабовото буре таа се скротува – објаснува тој.

Во годините што поминале Велкови одвреме-навреме отворале по некое шише од старата ракија. Во најсреќните и во најтажните моменти за фамилијата.

– Kога умре дедо ми Александар во 1957 година, татко ми првпат отвори од забранетите шишиња. Откако почина татко ми, забранетата ракија с` почесто ни беше предизвик мене и на брат ми. А резервите се намалуваат – открива Велков.

На почетокот биле педесетина шишиња, наредени во хоризонтална положба и одвоени едно од друго со песок. Функцијата на песокот била да ја собира влажноста во домашната визба и да ја одржува константна температурата на ракијата. Подоцна ја извадиле песокта и ги завиткале шишињата со стари хартии. Сега има уште десетина шишиња.

Го прашавме нашиот соговорник дали ја знае вистинската вредност на оваа ракија на светскиот пазар, со оглед на тоа што има колекционери на архивски примероци вина и ракии кои се спремни да платат преголеми суми за вакво нешто.

– За никакви пари не би ја продал оваа ракија. Таа е нашето семејно богатство. Не верувам дека некој од нашите наследници ќе се осмели да ја продаде на некоја аукција затоа што таа е нашиот аманет до нив – дециден беше Велков.

Низ годините и самиот печел ракија за своја душа, па најголемиот дел од неа се испил во разни пригоди. Но, има неколку литри убава ж’та што ја запечатил во 1971 година. Го следи марифетот на својот татко и ја остава ракијата да созрее во дабово буре, па дури потоа ја пакува во шишиња.

– Но едно мора да знае секој што сака да произведе домаќинска ракија. Kога ќе ја стави во бурето, грешка е ако не се врати да ја види. Дабот пие дел од ракијата, дел од неа испарува. Затоа мора постојано да се дотура по малку ракија во бурето за да не се изгуби квалитетот – открива тој.

Сега е пензионер и главна релаксација му се шесте декари лозје, кое му прави мерак. Од него ги прави најубавите вино и ракија, по рецептот на својот татко и се труди да ја одржи лозаро-винарската традиција на Велкови.

Машини од лозаро-винарската традиција на Велкови можат да се сретнат како експонати во новиот музеј на вкусовите, кој неодамна беше отворен во Kавадарци, а е единствен од таков вид во поширокиот регион.

Споменот нема цена

Споменот на мојата мајка нема цена. Вака ни рече пензионираниот неготинец Атанас Ристов држејќи го во рацете правливото шише ракија кое пред 45 години го наполнила неговата мајка.

– Мајка ми беше многу вредна жена, исто како многу други во тиквешкиот регион. Имаше златни раце. Ова е ракија анасонка која ја чувам затоа што покрај неа како да го чувствувам присуството на жената што ми значи многу во животот. Во мојата архива на вина и ракии, стари и по речиси еден век, ова е највредниот подарок, кој не би го продал за ништо на светов. Емотивно сум врзан за ова старо шише, а со голтка-две од оваа посебна течност може да наздравам само во исклучителни пригоди или значајни датуми за моето семејство – ни откри Атанасов.

Тоа шише за него има поголемо значење од сите други што во меѓувреме станале дел од неговиот живот како директор на втората по големина винарска визба во Македонија, „Повардарие“ од Неготино.

Извор:dnevnik.mk

Check Also

„Денови на македонскиот мед 2015“

На улицата „Македонија“ во Скопје денеска ќе биде отворен фестивалот „Денови на македонскиот мед 2015“ …

8 comments

  1. 727142 922903hello, your website is genuinely excellent. We do appreciate your give excellent results 23338

  2. 29807 88606Yeah bookmaking this wasnt a speculative decision outstanding post! . 760646

  3. 548334 821048Youre so cool! I dont suppose Ive read anything in this way before. So nice to uncover somebody with some original ideas on this topic. realy appreciate starting this up. this outstanding web site is something that is needed more than the internet, a person if we do originality. valuable function for bringing something new towards the internet! 290606

  4. 707826 960458excellent . Thanks for informations . Ill be back. Thanks once more 284324

  5. 678969 674642Wahhhh,!! I dnt feel its food thats generating her tummy groww!!|tiitaBoo| 34310

  6. 755338 847082Youd superb suggestions there. I did a research about the concern and identified that likely almost anyone will agree along with your internet page. 660502

  7. 516007 677832Magnificent beat ! I would like to apprentice whilst you amend your website, how could i subscribe for a weblog web site? The account helped me a appropriate deal. I had been a bit bit acquainted of this your broadcast provided brilliant transparent concept 169902

  8. 100085 728775I just added this blog to my rss reader, superb stuff. I like your writing style. 792647

Leave a Reply

Your email address will not be published.