Почетна / Вести Македонија / Исплатени 146,6 милиони денари субвенции за овошје

Исплатени 146,6 милиони денари субвенции за овошје

Министерството за финансии исплати 146,6 милиони денари субвенции на 4.837 земјоделци за одржување површини со овошни насади.

Финансиската поддршка, како што информираат од Министерството, изнесува од 15.000 до 33.000 денари по хектар, во зависност од видот на овошната култура.
Исплатени се субвенции на земјоделци кои одгледуваат круша, вишна, јаболко, праска, кајсија, цреша, дуња, мушмула, слива, калинка, смоква, аронија, боровинка, рибизла, малина, капина, јагода и други видови овошки низ цела територија на Република Македонија. Владата со редовна исплата на субвенциите за земјоделците, како што е наведено во соопштението од Министерството за финансии, останува доследна во поддршката на земјоделството како една од носечките гранки на македонското стопанство.

Извор: vecer.com.mk

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …