Во Тетово по повод почетокот на кампањата „Безбедноста на храната е обврска на сите заинтересирани страни во системот за безбедност на храната“, денеска се одржа конференција на која беше констатирано на што најмногу се жалат потрошувачите.
На конференцијата беше речено дека означувањето, безбедноста и чувањето на храната, рокот и датумот на производство, како и нутритивните својства на продуктите се уште се најчестите поплаки на потрошувачите по пазарењето. Сепак, тие мора да посветат поголемо внимание кога го прават изборот иако притоа, особено е значајна и одговорноста на трговците во малопродажната мрежа зашто стојат зад понудата.
Ова беше речено на денешната конференција во Тетово по повод почетокот на кампањата „Безбедноста на храната е обврска на сите заинтересирани страни во системот за безбедност на храната“.
Според директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Дејан Рунтевски, минатата година се доставени околу 130 претставки од граѓаните најмногу околу нехигиената, изминатите рокови и несоодветните декларации на пренрамбрените производи. Притоа во сите случаи каде што биле констаирани прекршувања на Законот за заштита на храната се преземени соодветни санкции и се поднесени прекршочни пријави.
Рунтевски и директорката на Организацијата на потрошувачи на Македонија Маријана Лончар ја нагласија потреабата од поголема информираност и едукација на граѓаните кога станува збор за храната.
– За таа цел ќе организираме трибини во девет градови низ Македонија. Изготвени се и соодветни брошури со сите неопходни информации за безбедноста на храната. Ќе бидат посетени и повеќе маркети низ државата за на терен да се сретнеме со потрошувачите, да го чуеме нивното мислење и да видиме колку во продажната мрежа трговците се придржуваат кон Законот за безбедност на храната, рече Рунтевски.
Целта на кампањата е потрошувачите да се информираат за безбедноста на храната, означувањето на адитивите, ГМО, алергените, нутритивните состојки,…
Извор: kurir.mk