Почетна / Вести Македонија / Ќе се зголемува конкурентноста на малите и средни земјоделски претпријатија

Ќе се зголемува конкурентноста на малите и средни земјоделски претпријатија

Зголемување на конкурентноста на малите и средни претпријатија од сточарството и растителното производство, како и имплементирање на иновативно претприемништво и поддршка на компаниите е целта на проектот Агро – стартт што почна во декември 2012 година, а ќе трае до 30 ноември 2014 година.

Примарната негова цел е, преку низа активности, да се зголеми конкурентноста на малите и средните претпријатија од агросекторот.
Европската унија со вкупно 1,7 милиони евра ја обезбеди поддршката за реализација на Агро – стартт во кој се вклучени 12 организации од 7 држави.
Проектот ќе се имплементира во уште седум земји во регионот, каде експерти, професори и инженери ќе работат на продукти значајни за развојот на таргетираните претпријатија.
-Економијата во земјите од Југоисточна Европа е економија базирана на мали и средни претпријатија во кои секторите сточарство и растително производство играат важна улога во економскиот раст и можноста за вработување – истакна претседателот на Федерација на фармери на РМ, Андрија Секуловски.
Тој потенцираше дека најголеми проблеми на овие земјоделски претпријатија е недостатокот на услуги за поддршка и експертско знаење за претприемништво, не користат напредни технологии, а имаат големи тешкотии при освојување на нови пазари, бидејќи имаат слабо развиен маркетинг.
Од околу 70.000 регистрирани фирми во Македонија, 2.900 се занимаваат со земјоделска дејност. Од нив, речиси 90% се мали бизниси. (Ал.С.)

Извор: vecer.com.mk

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …