Почетна / Вести Македонија / Втора шанса за винарниците што останаа без лиценци

Втора шанса за винарниците што останаа без лиценци

Можност за впишување во регистарот на производители на вино за винарските визби што претходно беа избришани од него заради неисполнување на законски пропишаните услови, предвидува Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за вино кој вчера беше поддржан од матичната собраниска комисија.

Според предлог-измените по донесување на законот во период не подолг од 90 дена избришаните винарските визби од регистарот на производители на вино ќе можат да поднесат документација за да бидат впишани повторно. Притоа тие треба да поднесат комплетна финансиска документација до Министерството за земјоделство дека во целост ги подмириле сите обврски кон лозарите, а кои ги вклучуваат основниот долг што го имале, но и законски затезна камата што ќе се пресметува од 30 април кога требало да ги имаат сервисирано обврските, до моментот кога ги подмириле. На сметка на државниот Буџет, пак, треба да уплатат 10% од сумата што не ја подмириле кон лозарите на 30 април во тековната година кога и биле избришани од регистарот.

Извор: vecer.com.mk

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …