Почетна / Вести Македонија / Во Прилеп откупени 9.500 тони тутун

Во Прилеп откупени 9.500 тони тутун

Во Македонија до вчера се откупени околу 9.500 тони тутун по просечна цена од 175 денари, соопшти денеска Сојузот на тутунските здруженија на Македонија.

– Откупот се одвива без застој. На теренот седум компании купуваат тутун од кооперантите. Нема проблеми ниту со исплатата, рече претседателот на Сојузот Данчо Милески на средба со новинарите.

Според него, само Центро Табак од Велес нема банкарска гаранција и не смее да откупува.

– Фирмата има рок уште два дена. Ако до 15-ти декември не покаже банкарска гаранција се брише од регистерот на откупувачи, рече Милески, додаваќи дека оние 500-600 тони тутун што за откуп ги има договорено со околу 800 кооперанти ќе бидат откупени и нема да останат непродадени.

– Доколку дојде до тоа, со анекси на нивните договори ќе се преземат преку друга компанија и нема да останат не откупени, објасни Милески.

Сојузот апелира пратениците да не ја кочат расправата за Буџетот за 2013.

– Ги повикуваме пратениците да соработуваат и да го донесат Буџетот до 20-ти декември. Од тоа зависи и дали субвенциите за земјоделското производство ќе стигнат навреме. Само за тутунот производителите очекуваат околу 22 милиона евра или по 60 денари за килограм, потенцира Милески.

Ако усвојувањето на Буџетот доцни, производителите нема навреме да ги добијат субвенциите и не ќе може да се подготват за новата производствена година, велат од Сојузот на тутунските здруженија на Македонија.

Извор: http://kurir.mk/republika/opstini/95628-Vo-Prilep-otkupeni-9500-toni-tutun

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …