Почетна / Вести Македонија / Варијациите на Охридското езеро, опасно за живиот свет

Варијациите на Охридското езеро, опасно за живиот свет

Постојаното варирање на нивото на Охридското езеро може да доведе до исчезнување на живиот и растителниот свет во крајбрежниот појас.

 

Експертите од областа на екологијата предупредуваат дека со неконтролираното испуштање на  водата за акумулациони потреби постои опасност од еколошка катастрофа .

Министерот за животна средина Адеми на став дека постојно се следи состојбата со нивото на Охридското езеро и врз основа на показателите се преземале соодветни заштитни мерки.

Според студијата на професор Левков нерешените комуналните води,реката Сатеска и испуштањето на нафтените деривати од страна на пловните објекти,се само дел од клучните проблеми поврзани со загадувањето на Охридското езеро.

Инаку Охрид деновиве е домаќин на четвртиот конгрес за Екологисти на Македонија повеќе од 270 научни работници и гости од државата и од странство со вкупно 183 научни трудови дебатираа за екологијата и заштитата на животната средина.

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …