Македонската Царинската управа доби известување од фабриката Ferrero S.p.A дека 3.600 килограми крем табли со изглед што наликува на нивниот производот „Киндер Буено“ се лажни.
Според царината големото количество на детски чоколада сакала да ги увезе фирма од Гостивар.
– Со оглед на тоа дека станува збор за кондиторски производи, наменети за најмладата популација која не е во можност лесно да распознава оригинал од фалсификат, со ова Царинската управа спречи обид за пуштање во промет на непроверена стока со сомнителен квалитет. Од увозникот ќе биде побарано веднаш да ја уништи стоката под царински надзор во итна постапка, се вели во известувањето на Царинската управа.
Извор: dnevnik.mk