Почетна / Вести Македонија / Ублажување на последиците од климатските промени во земјоделството

Ублажување на последиците од климатските промени во земјоделството

Проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени ќе ги сподели резултатите од имплементација на мерките за адаптација на земјоделските практики кон климатските промени во изминатите две години.

Зголемување на свеста на земјоделските производители, но и на целокупната јавност за предизвиците и ефектите од климатските промени во земјоделскиот сектор во Република Македонија е целата на овој настан, кој ќе се одржи во рамки на овогодишниот Агрофуд.

Се очекува на настанот свои обраќања да имаат директорот на проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени, Петар Ѓоргиевски и тим лидерот на проектот, Ана Дамовска.

Добиените резултати ќе бидат презентирани од професори од Земјоделскиот институт и Факултетот за земјоделски науки и храна и ќе ги објаснат придобивките од користењето на таквите мерки во ублажување на штетните последици од климатските промени.

На настанот се поканети голем број земјоделци, претставници на АПРЗ, УХМР, МЗШВ и земјоделски здруженија.

Тригодишниот проект на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени, започна да се спроведува во април 2012, од страна на Мрежата за рурален развој. Целта на проектот е да им помогне на земјоделците да се адаптираат на климатските промени и да го зачуваат нивото на приход преку намалување на штетите предизвикани од промените во животната средина. Проектните активности се фокусирани во медитеранската зона, вклучувајќи го Вардарскиот регион со делови од струмичко и гевгелиско – области што се под најголемо влијание од климатските промени.

Извор:kurir.mk

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …