Почетна / Вести Македонија / Традиционална манифестација „Ден на пченицата 2015“

Традиционална манифестација „Ден на пченицата 2015“

Во организација на „Агроунија“ под покровителство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, општината Илинден и со поддршка на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) денеска во Скопје ќе се одржи традиционалната манифестација „Ден на пченицата 2015 година“.

На манифестацијата е најавено обраќање на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков,  на претседателот на Агро-бизнис комората при ССК и генерален менаџер на „Агроунија“ Огнен Оровчеанец, на претседателот на ССК Данела Арсовска, на градоначалникот на Илинден Жика Стојановски, како и на деканите на Факултетот за земјоделски науки и храна УКИМ – Скопје и Земјоделскиот факултет УГД – Штип. 

На „Ден на пченицата“ се очекува да се дискутира и за тоа како да се зголеми приносот и квалитетот на пченицата и да се намалат трошоците за производство. Ќе биде извршена обиколка на опитните полиња и презентација на македонските сорти пченици, семепроизводство на линиии од сортите Македонска Родна, Балканија, Олга, Подобрена Оровчанка, Осатка, Агроунија Прима, семепроизводството на Трикикале, како и обиколка на макро, микро и компаративни опити на македонските сорти со најдобрите Балкански и Европски сорти.

Извор: kurir.mk

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …