Почетна / Вести Македонија / Тиквеш ги исплати лозарите

Тиквеш ги исплати лозарите

Винарската визба “Тиквеш” ја заврши исплатата на целокупното откупено грозје од последната берба од 2012 година.

– Исплатата на сите индивидуални производители на грозје и правните лица по основ на 2.343 договори во вредност од околу 200 милиони денари е целосно заокружена. Околу 50% од вкупната вредност на откупеното грозје отпаѓа на индивидуални земјоделци – лозари, чиј број изнесува 974 лозари – соопштија од “Тиквеш”. Вкупната откупена количина на грозје изнесува над 16 милиони килограми, а меѓу откупените сорти од бербата 2012 година доминираа сортите вранец, смедеревка, шардоне, ризлинг, мерло, каберне совињон.
– Извозот останува наш врвен приоритет. Затоа од клучно значење е квалитетот на грозјето за да произведеме врвно вино кое ќе биде конкурентно на странските пазари. Во таа насока унапредувањето на партнерскиот однос и соработката со нашите партнери лозарите е од клучно значење. Ние се обидуваме низ еден континуиран процес да ги применуваме добрите пракси во процесот на одгледување на грозје и создавање на врвно вино – изјави Игор Илиевски, генерален директор на винарската визба Тиквеш”. Добрата соработка со лозарите-кооперанти ќе продолжи и следната година. ВВ Тиквеш” планира зголемување на откупените количина на грозје за бербата 2013 година, за повеќе од 50% во споредба со лани.

Извор: vecer.com.mk

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …