Здружението на сточарите од Дебар донесе одлука брендираното бело сирење кое се произведува на традиционален начин да го носи името Дебарско сирење”.
Дебарското здружение на сточарите Даши” достави барање до надлежните државни институции кои се занимаваат со брендирање на домашните производи, овој млечен производ да го носи името “Дебарско сирење”.
На седницата на сточарите на која учествуваа и претставници на регионалниот центар за развој на југозападна Македонија, беше одлучено веднаш по добивањето на позитивен одговор од агенциите за добивање на трговска марка, сирењето од дебарските сточари да се продава во соодветни канти со свое лого и име.
На последниот саем во Италија, дебарското сирење доби највисоките оценки, бидејќи тоа е сирење кое се произведува од млеко што се добива од овци кои напасуваат трева во квалитетни пасишта на падините на Бистра, Кораб и Стогово.
Извор: vecer.com.mk