Почетна / Вести Македонија / Штипските земјоделци заинтересирани за органско производство

Штипските земјоделци заинтересирани за органско производство

Земјоделците велат дека органското производство зема се поголем замав, бидејќи имаат двојна заработувачка и полза.

Над 80 земјоделци од штипско-карбинскиот регион се пријавиле за субвенции за органско производство во подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Сточарот Горан Николовски од штипското село Никоман вели дека органското производство во штипскиот регион најмногу е забалежано кај сточарите. Тој веќе трета година е органски производител и го зголемил своето стадо овци.

– Имам земја и своето стадо го хранам исклучиво со моја органска храна. Лесно ми беше оти имам земја за производство на луцерка и јачмен, вели Николовски.

Тој забележува дека органското производство има повисока цена од конвекционалното земјоделско производство. Поради повисоките субвенции за органско производство, веќе трета година по ред го зголемува стадото, оствајќи по 50 до 60 женски јагниња. 

Извор: http://kurir.mk/republika/opstini/94027-Stipskite-zemjodelci-zainteresirani-za-organsko-proizvodstvo

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …