Почетна / Вести Македонија / Со 45.000 евра ќе се промовираат земјоделските производи во светот

Со 45.000 евра ќе се промовираат земјоделските производи во светот

Владата со 415.000 евра ќе поддржи промоција на македонското извозно земјоделско производство на светски реномирани земјоделски саеми во текот на оваа година.

Според портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев, македонските вина, овошје и зеленчук ќе бидат промовирани на саеми во САД, Кина, Москва, Германија, Литванија, Полска, Швајцарија, Холандија и Словенија.
– Промоциите ќе бидат насочени во земјите каде што македонското земјоделско производство е веќе етаблирано, но не во доволен обем и постои простор за зголемување на промоцијата. Тоа се пред се земјите од Азија, во прв ред Кина. Ќе одиме на проширување на оваа палета на промотивни активности на саемите во САД, каде што има определено присуство и познавање за македонските земјоделски извозни производи, изјави Ѓеорѓиев.

Владата ќе поддржи присуство на саем за вино во Пекинг и се разгледува можноста за промоција на македонските производи на саемот во Хонг Конг или во најголемиот град во светот, кинескиот град Гуангџоу. Во Европа ќе биде поддржано присуството на саемот Фрутологистика во Берлин, еден од најголемите светски саеми на овошје и зеленчук, потоа присуството на македонското вино на саемот во Вилнус, Литванија, во Полска, Холандија, Швајцарија и Словенија. Во Руската Федерација ќе биде поддржано присуството на вино и овошје и зеленчук на два саеми во Москва.
– За првпат оваа година организирано со финансиска помош ќе биде одржано претставување на вино, овошје и зеленчук во Северна Америка, односно на саемите за храна и вино во Њујорк, изјави Ѓеорѓиев.

Владата ќе ги покрие трошоци за обезбедување на простор на самите, закупување на штанд, комплетно финансирање на штандот и печатење и дистрибуција на промотивен материјал од областа на земјоделските производи.

Во првите девет месеци од 2013 година вкупниот извоз на земјоделски прехранбени производи изнесува 369,7 милиони евра, што е за 5,9% повеќе во споредба со првите девет месеци од претходната година, а увозот е намален за 3,9%. Главен партнер на Македонија е Германија од ЕУ, од земјите од ЦЕФТА главен партнер во трговската размена во земјоделието е Србија. Околу 70 проценти од нашиот извоз во земјите-членки на ЕУ и во ЦЕФТА е таргетиран во десетина земји.

Извор: vecer.com.mk

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …