Почетна / Вести Македонија / Сахара Групација: Проектот Џумајлија е одличен за Македонија!

Сахара Групација: Проектот Џумајлија е одличен за Македонија!

За чување на 20.000 грла се потребни само околу 45-50 хектари. За изградба на млекарница и фабрика за производство на храна на добитокот потребни ни се помалку од 25 хектари. Остатокот на земјата ќе се користи за производство на храна за добитокот, истакнуваат од Сахара Групација.

-Нема ништо чудно и нереално во проектот “Џумајлија”, ниту пак има некакви тајни или скриени игри. Овој проект е одличен за Македонија како држава, но и за нас како компанија. Секој обид да се прикаже нешто поинаку во јавноста за нас е ништо повеќе од недостаток на знаење или момент на негирање, поттикнат од непознавање на последните новини во делот на земјоделието и млечната индустрија – стои во писмената реакција на Сахара Групација, а во врска со последните изјави на одредени личности од општествениот живот во Македонија, дека проектот “Џумајлија” не е реален.

Од Групацијата појаснуваат дека договорот со Министерството на земјоделство е според сите законски регулативи на меѓународен тендер каде наддавањето и добивањето на тендерот беше целосно транспарентен.
– За чување на 20.000 грла се потребни само околу 45-50 хектари. За да се намали миграцијата на болести кај грлата, кравите ќе бидат сместени во четири посебни фарми. За изградба на млекарница и фабрика за производство на храна на добитокот потребни ни се помалку од 25 хектари. Остатокот на земјата ќе се користи за производство на храна за добитокот – истакнуваат од Сахара Групација.

Оттаму наведуваат дека имаат подготвен бизнис-план, а вработените се експерти кои имаат искуство во менаџирање на слични фарми во САД, Европа и Саудиска Арабија.
– Тоа само го гарантира успехот на овој проект. Секој што е заинтересиран може да посети вакви фарми во Шпанија, Турција каде има слични климатски услови. Други слични фарми може да се видат во САД, во државите Флорида и Тексас. Ваков тип на технологија што планираме да ја имплементираме за овој проект во моментов не постои во Македонија и планираме да ги донесеме најнапредните процеси што постојат во светот во овој сегмент – нагласуваат од Сахара.
Планот на компанијата е со производството на млеко е да се намали увозот на млеко во Македонија и да се замени со квалитетно млеко од домашно производство. Следен таргет пазар е Балканскиот регион. Остатокот од млеко ќе биде наменето за извоз во земјите од Среден Исток и Северна Африка.

Извор: vecer.com.mk

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …