Демо фармата во Средното земјоделско училиште во Свети Николе, која е дел од Македонско-Израелскиот проект за семе и саден материјал денеска ќе биде пуштена во употреба.
На промоцијата ќе присуствува и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.
Од Израел се доби грант опрема која е вградена во демо фармата во Св.Николе. Намената на овие демо фарми е да бидат места каде ќе се обучуваат советниците на Агенцијата поттик на развој на земјоделството, инспекторите од ДИЗ, просветните и научните работници, фармерите и други. Таму ќе се аплицираат најновите техники и технологии согласно Израелските искуства и пракси за кои веруваме дека се едни од највисоките во светот.
Извор: kurir.mk