Околу 90 проценти од ланското грозје веќе им се исплатени на лозарите и останува да се исплати уште мал дел, соопшти директорот на втората по големина винарска визба во Македонија, „Повардарие“ од Неготино, Ванчо Kузманов.
– До 15 јуни ќе ја заокружиме финансиската конструкција и грозјето целосно ќе им го исплатиме на кооперантите-лозари со кои соработуваме. Соработката ќе продолжи и во иднина во интерес на двете страни. Ние, како винарска визба, веќе се подготвуваме да ја дочекаме наредната гроздоберска сезона – рече Kузманов.
Тој изрази надеж дека лозарите што традиционално го носат грозјето во „Повардарие“ ќе имаат разбирање за задоцнувањето кога е во прашање исплатата на грозјето, но рече дека тие мора да имаат предвид дека и винарските визби имаат проблеми кои треба тековно да ги решаваат.
Извор:dnevnik.mk
агри.мк Портал за промоција, развој и поттикнување на земјоделството во Македонија