Почетна / Вести Македонија / Почна кроењето на калемените круши

Почна кроењето на калемените круши

Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството во Македонија со земјоделски стручњаци, деновиве почнаа со кроење на калемените круши во месноста Долги Рид, кај Чашка, недалеку од Велес.

Оваа земјоделска операција следи откако во изминатите две години дивите круши во овој земјоделски регион, кои што ги има во изобилство, беа калемени и оставени слободно да растат, без посебна заштита од добиток.

Експертите велат дека 90% од калемите се зафатени. Годинава ластарите од калемените круши ја постигнаа очекуваната височина. Токму затоа земјоделските експерти почнаа да им формираат круни, а во исто време и да ги чистат и стеблата. При калемењето беа ангажирани професори и студенти од Земјоделскиот факултет од Скопје. Во месноста Долги Рид на површина од стотина хектари, беа накалемени повеќе од 2.000 круши. Ги има од повеќе видови, а најчеста сорта е кантарката.

Како што информираа од Агенцијата, освен на Долги Рид, диви круши ќе се калемат и во реонот на селата Стари Град, Извор, Владиловци и Долно Врановци. Во зависност од временските услови професори и студенти од Земјоделскиот факултет и други земјоделски стручњаци се очекува во текот на овој и наредниот месец да накалемат повеќе од илјада високосортни видови круши. Инаку, напомош на експертите за кроење на калемените круши во реонот на Долги Рид им дојдоа и земјоделски инжинери од други центри на Македонија. (С.А.)

Извор: vecer.com.mk

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …