Македонија има квалитетно, здравствено безбедно и исправно млеко, а ако сакаме млеко со повисок квалитет, тогаш субвенционирањето треба да се одвива скалесто. Ова го истакна министерот за земјоделство Љупчо Димовски по вчерашната посета на млекарниците Идеал Шипка”, Битолска ИМБ и ЦЕРМАТ во Битола.
-Сакав лично да се уверам во квалитетот на млекото и процесот на производство, но и да слушнам за плановите на компаниите чија основна дејност е откуп и преработка на млеко – истакна Димовски кој потенцираше дека моментно, за литар млеко поддршката е 3,5 денари, но во наредниот период Владата ќе ја зголеми, па цената за литар прва класа ќе биде 4,5 денари, а за втора 3,5 денари, а фармерите ќе треба да применуваат добра хигиенска практика.
Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Дејан Рунтевски истакна дека контролите за испитување на квалитетот на млекото се зајакнати. Секоја пратка пред да се пушти во промет се проверува и затоа секој потрошувач треба да биде сигурен во квалитетот на производите.
Извор: vecer.com.mk