Почетна / Вести Македонија / Од бруцелоза заболени само 112 грла добиток

Од бруцелоза заболени само 112 грла добиток

Агенцијата за храна и ветеринарство годинава евидентира само 112 грла добиток болни од бруцелоза и вкупно 57 лица што е драстично намалување од периодот до 2006 кога бројките беа 19.000 овци и кози, како и 900 луѓе.

Според директорот на Агенцијата, Дејан Рунтевски, клучно за превенцијата и искоренувањето на болеста е вакцинацијата на добитокот, возрасните грла и подмладокот, што масовно почна од 2008 година, но и идентификацијата на животните која овозможи следење на нивното движење.
– За само четири години резултатите ги надминаа нашите очекувања. Во следниот период сметаме дека ќе продолжи опаѓањето на бројката заболени и дека целосно ќе се искорени бруцелозата кај животните и луѓето – рече Рунтевски. Борбата против бруцелозата ги даде најдобрите резултати откако Агенцијата ја смени стратегијата што се применуваше до 2006 година и која, како што напомена Рунтевски, не даваше речиси никакви резултати. Сегашните активности освен што ја редуцираа болеста, значително ги намалија и трошоците. Заштедата денес достигнува до два милиони евра. Ако порано за компензација на одземените животни се трошеа преку еден милион евра годишно, сега оваа сума е сведена на минимални 10.000 евра.

Извор: http://vecer.com.mk/?ItemID=718854C1A21F6244B5FED70F5CB9D707

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …