Почетна / Вести Македонија / Нема субвенции без подмирени сметки за водарина и пасишта

Нема субвенции без подмирени сметки за водарина и пасишта

За да остварат право на субвенции, земјоделците ќе треба да ги имаат подмирено обврските за користење на пасишта и воден надомест за претходната година.

Според измените на Законот за рурален развој кој вчера влезе во собраниска процедура, земјоделците ќе треба да ги подмират овие обврски заклучно до 30 ноември претходната година за да им бидат исплатени субвенции.
– Правото на користење на средствата од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2013 година да може да имаат и корисници кои до денот на влегувањето во сила на овој закон ги немаат намирено обврските согласно член 14-а од овој закон за 2011 година, а ќе ги намират најдоцна до 30.10.2013 година и достават барање за користење на средства до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој – образложи заменик министерот за земјоделство, Зоран Коњановски.

Извор: vecer.com.mk

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …