Вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во декември 2013 година изнесува 2,12 милијарди денари, што претставува намалување за 31,1%во споредба со декември 2012 година.
Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е намалена за 37,8 отсто, а продажбата од сопствено производство на претпријатијата е намалена за 4,4 проценти.
Намалување на вредноста на откупените и продадените земјоделски производи се бележи кај житата, индустриските растенија, овошјето, алкохолните пијалоци, добитокот, млекото и млечните производи, а зголемување на вредноста е забележано кај зеленчукот, фуражните растенија, грозјето, живината и јајцата и рибата.
Извор: vecer.com.mk