Почетна / Вести Македонија / Малку земјоделци си ги осигуруваат посевите

Малку земјоделци си ги осигуруваат посевите

Владината поддршка наменета за земјоделците со која им е олеснето осигурувањето на посевите, многу малку се реализира. Само околу 1.300 земјоделци ги искористиле субвенциите за полиси, или тоа се вкупно 21 милион денари (340.000 евра). Од Министерството за земјоделство не се задоволни апсорпцијата на средствата.

– Во однос на 2008 година кога оваа мерка беше првпат воведена, заинтересираноста за осигурување на обработливите површини се зголемува. Тогаш 300 земјоделци користеа поддршка и беа потрошени три милиони евра – изјави Перица Ивановски од Министерството за земјоделство, по работилницата за финансирање и осигурување во земјоделството.
Тој смета дека е огромна потребата од што поинтензивно осигурување на посевите, особено што деновиве се потврди и со поројните дождови и поплавите што ја зафатија Македонија. Според него, вреднувањето на земјоделското производство од страна на осигурителните компании и дефинирањето на условите во полисата се меѓу клучните причини поради кои производителите во мал процент ги осигуруваат површините. Најмногу полиси има за градинарството, лозарството и овоштарството.
За 2013 година државата обезбеди околу 35 милиони денари со кои ќе покрива 60% од трошоците за полиси на земјоделските површини. Во мерката е вклучено и пчеларството.
– На земјоделците им нудиме можност да ги осигуруваат културите од несакани временски непогоди или последици од климатските промени за да ги покријат трошоците на производство и загубите – истакна ресорниот министер Љупчо Димовски кој додаде дека во регионот ваква мерка нема. (С.Бл.)

Извор: vecer.com.mk

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …