Почетна / Вести Македонија / Македонското земјоделство ги чуствува климатските промени

Македонското земјоделство ги чуствува климатските промени

Од климатските промени чие негативно влијание Македонија веќе го чувствува, загрозени се поважните земјоделски региони и стратегиските култури, додека проценките за економските штети се загрижувачки, рече министерот за земјоделство, Љупчо Димовски по завршувањето на есенската кампања на Караванот за климатски промени во Свети Николе.

 

Тој нагласи дека земјоделството е меѓу најранливите економски сектори од овој аспект поради што во идниот период Министерството ќе се фокусира на креирање соодветни политики и дефинирање мерки за прилагодување кон климатските промени.
– Зајакнувањето на капацитетите ќе ја вклучи и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството во насока на обезбедување совети за подобри земјоделски пракси и пристап до подобри информации за одгледување високо приносни култури, како и обезбедување совети за одржување на приносите во услови на екстремни температурни или други негативни влијанија, а секако и Управата за хидрометеоролошки работи за обезбедување навремени и прецизни податоци за прогнозирање на температурата и врнежите – истакна Димовски.

Според директорот на мисијата на УСАИД, Џејмс Стејн, целта на Караванот е да ги едуцира индивидуалните земјоделци и нивните заедници за очекуваните ефекти од климатските промени. Преку сесии на отворени прашања и одговори експертите директно одговараат за одредени проблеми со кои се соочуваат земјоделците, со што се прават стратегии за адаптација кон ефектите од климатските проемени.
– Од неодамна Македонија е под влијание на потопла и посува клима, а со тоа е и повеќе подложна на појава на топлотни бранови, суши, поплави и град – рече Стејн.

Земјоделските експерти им порачаа на земјоделците од Овчеполието, во услови на климатски промени да инвстираат во заштитни мрежи кои земјоделските култури ги чуваат од град и други надворешни влијанија. Овој регион треба да вложи и во системот за наводнување капка по капкаа.

Извор: vecer.com.mk

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …