Вината на 11 македонски винарски визби ќе се презентираат на Саемот за промоција на вино и пијалоци “Интервине” што се одржува во градот Гуанџоу во Кина.
На заеднички павилјон ќе бидат претставени вината на Тиквеш, Стоби, Сковин, Далвина, Попов, Бовин, Камник, Дудин, Езимит, Имако и Попова Кула. Предвидена е и дегустација на македонските вина од сортата вранец” и презентација на Македонија како туристичка и инвестициска дестинација за љубителите на вино.
На натпреварот за вино, во конкуренција на 130 вина од 20 држави, беа прогласени вината Вранец Веритас 2011″ од винаријата “Стоби” за најдобро црвено вино и Дисан 2010″ од винаријата “Бовин” за најдобро оценето вино во категоријата најдобар сооднос на цена и квалитет. На саемот се претставуваат 500 изложувачи од 20 земји во светот.
Извор: vecer.com.mk