Почетна / Вести Македонија / Македонски зеленчук во Молдавија

Македонски зеленчук во Молдавија

Македонскиот зеленчук ова лето може да се најде на молдавскиот пазар, најави почесниот конзул на Молдавија во Македонија Дарко Арсов.

Според Арсов, Молдавија увезува зеленчук од Турција, но со воспоставувањето на дипломатски со Македонија и македонските производи би можеле да го освојат молдавскиот пазар
-Бев во Кишињев и видов со каков квалитет и со какви цени увезуваат земјоделски производи. Ние сме убедени дека нашите земјоделски производи, нашата конзервна индустрија може да биде конкурентна на производите кои тие ги увезуваат од Турција, – објаснува Арсов.
Молдавија пред еден месец во Струмица отвори почесен конзулат кој треба да ја унапреди економската соработка меѓу двете земји.

Извор: vecer.com.mk

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …