Почетна / Вести Македонија / Кофинансирање на производството на овошје, зеленчук, винова лоза, месо и млеко

Кофинансирање на производството на овошје, зеленчук, винова лоза, месо и млеко

Агенцијата за финансирање на земјоделскиот и руралниот развој неделава ќе распише оглас за кофинансирање проекти од ИПАРД програмата за земјоделски и проекти од областа на руралниот развој.

Во оваа програма, како што информира владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, вклучени се три мерки со кои ќе се инвестира во дејности поврзани со производство на овошје, зеленчук, винова лоза, месо и млеко.
Со повикот ќе бидат кофинансирани проекти кои спаѓаат во земјоделски стопанства и имаат поврзаност со примарното земјоделско производство, инвестиции во преработка на земјоделски производи, со која се финансираат секундарните сегменти на земјоделско производство, односно преработувачката и рурална диверзификација, со која значително се проширува општата основа за кофинансирање на проекти и оди во насока на поддршка на руралниот развој.
– Во врска со производството на овошје, винова лоза и зеленчук ќе бидат кофинансирани проектите кои значат обновување на повеќе годишните насади, набавка на опрема за наводнување, механизација за обработка на земјиштето на кое се обновува повеќе годишниот насад, заштитни мрежи, дополнителна опрема, како и апарати за собирање на производите и нивно складирање, но и финансирање објекти кои во иднина ќе служат за нивно складирање. За млекото и месото ќе биде поврзано изградба и реконструкција на објекти кои служат за чување на добитокот, механизација, изградба и реконструкција на обкјекти за складирање и преработка на производите, а ќе бидат поддржани и проекти за обезбедување и складирање сточна храна. Широка е палетата на производи кои може да се финансираат преку оваа намена и цениме дека би било рационално исправно доколку средствата бидат искористени – рече Ѓорѓиев.

Извор: vecer.com.mk

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …