Струмичката компанија која е извозник, како и оранжеријата што ги произвела контаминираните краставици, што завршија на хрватскиот пазар, ќе бидат казнети на барање на Државниот земјоделски инспекторат.
Во нив беше најдено зголемена концентрација на пестицидот хлорпирифос. Законот предвидува казна од 1.200 евра, додека пак одговорното лице ќе треба да плати од 2.000 до 6.000 евра.
Инспекторатот ќе побара и забрана за вршење дејност, што за правното лице се изрекува во време од 6 месеци до една година, а за одговорното од една до две години. Пестицидот хлорпирифос е на листата на дозволени пестициди, но со него треба да се постапува според утврдените правила за употреба.
Контаминираните краставици се уништени на хрватскиот пазар, но од Агенцијата за храна и ветеринарство најавија дополнителна истрага.
Во Македонија нема краставици кои имаат пестициди повеќе од дозволеното.
Извор: vecer.com.mk
агри.мк Портал за промоција, развој и поттикнување на земјоделството во Македонија