Околу 3 до 3.5 милиони килограми праски се извезени преку царинската испостава во Кавадарци и тоа главно за рускиот пазар, за Украина, како и на пазарите во земјите од поранешна Југославија.
Како што вели градоначалникот на Росоман, Стојанче Лазов цената за килограм праски на откупните пунктови во Росоман изнесува околу 17 денари.
– Сметам дека производителите на овој вид овошје можат да бидат задоволни од годинешната сезона оти бербата започна со цена од околу 30 денари за килограм праски-вели Лазов.
Градоначалникот нагласи дека во росоманскиот регион се произведуваат околу еден процент од светското производство на праски. Тој изрази задоволство што интересот за праската расте.
Извор: vecer.com.mk