Според премиерот Никола Груевски, има интерес од инвеститори за агрокомбинатот Џумајлијаа.
– Се надевам дека огласот за негова продажба ќе заврши успешно и ќе се најде инвеститор – изјави премиерот Груевски.
Согласно огласот, идниот инвеститор што ќе го земе земјиштето под концесија треба да вложи околу 200 милиони евра и да вработи најмалку 2.000 лица.
– Во претходниот период кога работеше Џумајлија” беа ангажирани околу 300 работници како и сезонски работници. Во новиот оглас се предвидува во тригодишен период да се дојде до бројка од минимум 2.000 луѓе и инвестиција од најмалку 200 милиони евра во изградба на млекарница со одреден капацитет, на производен погон за сточна храна и набавка на одреден број говеда односно минимум 20.000 – рече Груевски. Тој очекува агрокомбинатот Џумајлија” ќе прерасне во сериозен центар под којшто поради големиот капацитет ќе се продава не само во Македонија, туку и низ цела Европа.
Извор: http://vecer.com.mk/?ItemID=52A7027815087545B69F73AE7D5B8130