Почетна / Вести Македонија / Десетици илјади трактори чекаат легализација

Десетици илјади трактори чекаат легализација

Македонија располага со 53.606 трактори, но огромен процент од нив немаат документација за сопственост бидејќи се купени во времето на поранешна Југославија, а некои се добиени во наследство.

Со нив, освен земјоделски работи, се врши и превоз во патниот сообраќај, поради што истите мораат да бидат легализирани и регистрирани. Со измените на Законот за легализација и регистрација на трактори ќе овозможи овој еднодецениски проблем кој засега голем број земјоделци, да се реши.
Анче Трифунов, државен секретар во Министерството за економија, вели дека постапката за легализација ќе се поедностави за да се овозможи повеќе десетици илјади трактори и тракторски приколки да се регистрираат, иако за нив не постојат пишани документи за сопственост – вели Трифунов.
Според него, доколку сопственикот има било каков доказ за сопственост, се бара согласност за технички преглед, се врши идентификација на возилото, а постапката продолжува вообичаено. Ако нема доказ, тогаш, со изјава заверена на нотар, се поднесува барање до надлежен суд на територија на општината за решение за сопственички статус.
-Судот е должен во рок од три дена да го достави решението до Министерството за земјоделство и во рок од 24 часа да го објави на огласна табла. Доколку никој не поднесе жалба во рок од 30 дена, се носи решение за сопственички статус. До 10 април е рокот за поведување судска постапка – појаснува Трифунов.
Мемет Синани, заменик-претседател на Федерацијата на фармери (ФФРМ) очекува со регистрацијата на тракторите и приклучната механизација да се намалат сообраќајните незгоди, кои, според официјални информации, достигнуваат до сто годишно. ФФРМ годинава спроведе кампања за да се утврди состојбата со нелегализираните трактори на терен. Беа одржани и форуми во Прилеп, Струмица, Куманово, Штип и тетовското село Камењане. (С.Бл.)

Извор: http://vecer.com.mk/?ItemID=8CFFFF947E5DFE4492E41D57458DB1C5

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …