Почетна / Вести Македонија / Државата дава под закуп 813 хектари државни ниви

Државата дава под закуп 813 хектари државни ниви

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објави оглас со кој дава под закуп 813 хектари државно земјоделско земјиште.

Според условите за распределба на земјиштето, максималната површина која што може еден земјоделец може да ја закупи е 10 хектари.

Се распределуваат 348 хектари во Пробиштип, 296 хектари во Дебар. 41 хектар во Чаир, 39 хектари државно земјоделско земјиште во Крушево, 29 хектари во Тетово, 21 хектар во Кичево, 16 хектари вo Кратово, 15 хектари во Македонски брод, и по 3 хектари во Карпош и Демир Хисар.

Според огласот за времетраењето на закупот за кој се издава земјиштето е, за подигање на маслинарници за период до 50 години, подигање на долгогодишни насади и оранжерии за период до 30 години, за одгледување на брзорастечки дрвја на земјоделско земјиште кое се наоѓа на надморска висина над 700 метри, за период од 30 години, спортско-рекреативни активности и рурален туризам до 30 години, рибници за период до 20 години, одгледување на други земјоделски култури за период до 15 години, ливади за период до 15 години.

Почетната цена изнесува 25 евра во денарска противвредност за земјоделско земјиште од 1 до 4 катастарска класа и 15 евра во денарска против вредност за земјоделско земјиште од 5 до 8 катастарска класа. Почетната цена на земјоделското земјиште кое се наоѓа во планински подрачја, почетната цена за земјиштето од 1 до 4 катастарска класа изнесува 15, а за земјиште од 5 до 8 класа изнесува 5 евра.

Извор:vecer.com.mk

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …