Почетна / Вести Македонија / Договорена откупната цена на пченицата

Договорена откупната цена на пченицата

Од 10 до 13 денари и повеќе ќе изнесува откупната цена на пченицата зависно од хектолитарската тежина, договорија денеска мелничарите и производителите на средба во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Како што соопшти МЗШВ, двете страни, и мелничарите и производителите, се задоволни од договореното.

На состанокот присуствуваа и ресорниот министер Михаил Цветков и неговиот заменик Зоран Коњановски.

– Препорачаната цена на пченицата под 72 хектолитри тежина ќе биде 10 денари, од 72 до 76 хектолитри 11 денари, од 76 до 78 хектолитри 12 денари и над 78 хектолитри 13 денари и повеќе, со зголемување на хектолитарската тежина, информира Министерството.

Производителите и мелничарите на средбата се обврзаа да ги почитуваат одредбите од правилникот при откупот на пченицата.

Согласно разговорите, преработувачите треба на видно место да ја објават конечната цена по која ќе го откупуваат лебното жито.

Извор: vecer.com.mk

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …