Почетна / Вести Македонија / Дебарските јагниња останаа речиси непродадени

Дебарските јагниња останаа речиси непродадени

Дебарските јагниња,кои во изминатите години, пред велигденските празници на големо беа барани, оваа пролет останаа речиси непродадени. Од околу 17 илјади јагниња продадени се нешто помалку од седум илјади.

– Причина за ваквата состојба пред се е ниската откупна цена која ја нудеа откупувачите. Сточарите не се согласија со 140 денари за килограм па повеќето одлучија јагнињата да ги остaват и да ги зголемат стадата. Втората причина е тежината на јагнињата, па и оние сточари кои се согласуваа со таа цена поради поголемата тежина истите не им беа откупени – вели Лири Делиши, началник на подрачната единица на Министертвото за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Во изминатите години речиси деведесет отсто од јагнињата беа продавани и тие главно завршуваа на трпезите во Грција, Италија и во Хрватска, а помал дел на македонскиот пазар. Останатите 10 отсто од јагнињата сточарите ги оставаа за зголемување на своите стада.

Дебарскиот регион има идеални услови за развој на сточарството, особено поради богатите пасишта. (В.Т.)

Извор: dnevnik.mk

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …