Кратовската земја велат дека е посна, дека нема квалитетен состав и дека ретко дава квалитетни плодови. Ама кога ќе реши да даде, тогаш ги надминува сите очекувања, пренесува Сител.
Така деновиве во дворот на пензионираниот полицаец Жика Златковиќ во Кратово узреал домат со гигантски димензии.
Сопственикот Жика, кој е голем љубител на градинарството, го измерил, а вагата покажала 1 кг и 300 грама.
Фотографијата од доматот заврши на порталот „Аберџија“ да сведочи за градинарската вештина на Жика, а доматот очекувано заврши во голема чинија „шопска“ за соседите кои наминале да го видат чудото од патлиџан.