Почетна / Вести Македонија / Центро Табак од Велес на цедило остави над 400 тутунари

Центро Табак од Велес на цедило остави над 400 тутунари

Од Министерството за земјоделство велат дека и покрај ваквата состојба нема да дозволат на тутунопроизводителите да им остане родот неоткупен. Ќе направат се и последниот лист од жолтото злато од велешко да биде откупен.

Откупот на тутунот за над 400 велешки тутунопроизводители, кооперанти на Центро табакк од Велес, сеуште не е почнат. Поради необезбедени пари за откуп инспекторите од Министерството за земјоделство на менаџерскиот тим на компанијата не и дозволија да врши откуп. Дадениот рок фирмата не го исполни. Пари не обезбеди и не ги отвори пунктовите за откуп на тутунот.
– Со години сум кооперант на Центро Табакк. До минатата година беше се во ред. Не знам што се случи со фирмата. Верував дека ќе обезбеди пари, арно ама останавме прелажани – вели тутунопроизводител од Горно Оризари.

Тутунопроизводителите кои години на ред беа кооперанти на компанијата, се збунети. Додека другите производители на два пати го предаваа родот и добија навреме пари, тие се уште го чуваат тутунот дома. Губат како во тежина на тутунот, така и во парите.
– Имам над три тони тутун. Досега требаше половината да го предадам и да земам пари. Поради договорите другите компании не сакаат да ни го откупат. Мораме да чекаме. Верувам дека Министерството ќе ни помогне да го предадеме тутунот кај други фирми и да земеме кантарни белешки за да можеме да добиеме субвенции – вели тутунопроизводител од селото Иванковци.
Според состојбите Центро Табакк тешко дека ќе ги обезбеди потребните пари за редовниот откуп на годинашниот род кој треба да почне на 15 декември. Токму затоа од Министерството нема да добие дозволи да врши откуп кој требаше да тежи од 350 до 400 тони квалитетен тутун. Од Министерството велат дека и покрај ваквата состојба нема да дозволат на тутунопроизводителите да не им биде откупен родот. Ќе направат се и последниот лист од жолтото злато од велешко да биде откупен. Наместо Центро Табакк тутунот ќе биде откупен од другите компании. Од велешката компанија, како и досега, не добивме никаква информација. Телефоните на првите луѓе беа недостапни.

Инаку, во десетината пунктови другите откупувачи: Соко макк, Алијансаа, Струмица Табакк и други во Велес, Горно Оризари, Бузалково, Градско, Чашка и други населени места откупот на тутунот се одвива без проблеми. Досега се откупени над 500 тони тутун и е остварена солидна просечна цена од 165 денари за килограм. Годинава во велешко, над 2.500 тутунопроизводители засадија 1.100 хектари од кои се очекува да бидат откупени 1.520 тони квалитетен тутун. Најголеми количини на тутун се очекува од сортитете басмакк, прилепп и јакаа.

(С.А.)


Извор: http://vecer.com.mk/?ItemID=958049F771151B438B50618CE6BF8C89

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …