Целосно нова инфраструктура, покривна конструкција и нови тезги се предвидени со темелната реконструкција на централниот градски пазар во Битола што почна завчера.
Според градоначалникот Талески со реконструкција на пазарот се овозможуваат подобри услови за работа на ЈП „Пазари“ и современ пазарен простор за продавачите и купувачите.
– Станува збор за поставување целосно нова инфраструктура. Работите од оваа фаза на темелната реконструкција ќе завршат до крајот на оваа година. Вредноста на оваа инвестиција е околу 13 милиони денари, а општина Битола ќе вложи 9 милиони денари. За кусо време граѓаните ќе имаат современ пазар, кој како капитална инвестиција е еден од нашите приоритети – посочи Талески.
Првата фаза од реконструкција на централниот пазар се изведува на површина од 1.000 квадратни метри на која ќе бидат поставени типизирани тезги, зголемен простор за продажба и со нови пристапни патеки за граѓаните.
Извор: dnevnik.mk