Вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во декември 2012 година изнесува 3,086 милијарди денари што претставува зголемување за 92,9 отсто во споредба со истиот месец од 2011 година.
Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е зголемена за 104,6 отсто, а продажбата од сопственото производство на претпријатијата за 57,4 проценти.
Зголемување на вкупниот откуп и продажба е забележано кај речиси сите земјоделски производи, освен кај живината, јајцата и рибата.
Извор: kurir.mk
агри.мк Портал за промоција, развој и поттикнување на земјоделството во Македонија