Почетна / Вести Македонија / Во кочанско се очекуваат околу 30 барања за субвенции во продолжениот рок

Во кочанско се очекуваат околу 30 барања за субвенции во продолжениот рок

Во Подрачната единица за земјоделство, шумарство и водостопанство во Кочани е продолжен рокот за поднесување апликации за добивање субвенции до 20. октомври оваа година.

– Во нашата Подрачна единица заклучно со 20. септемеври кога заврши рокот за поднесување барања за субвенции, беа поднесени вкупно 3.032 барања од земјоделеци, истакна Влатко Минов од Подрачната единица во Кочани.

Според него, во наредните неколку дена се очекува уште 30 земјоделеци од Кочанско, Зрновско и Облешевско да поднесат документи за добивање субвенции.

Извор: kurir.mk

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …