Градоначалникот Тони Трајковски, заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Зоран Коњановски и претставници од подрачното одделение за земјоделие Гази Баба, имаа работна средба со земјоделците од населените места Трубарево и Стајковци и со Земјоделските здруженија “Каварџик” и “Зелена долина”.
Заменик-министерот ги информираше присутните за измените во Законот за земјоделие и разговараше со земјоделците за проблемите со кои се среќаваат за време на нивното работење.