Почетна / Вести Македонија / Повик до земјоделците да си ги откупат државните ниви

Повик до земјоделците да си ги откупат државните ниви

Министерството за земјоделство ги повикува сите земјоделци и земјоделски претпријатија кои се корисници на државно земјоделско земјиште и сакаат да го откупат да достават иницијатива за продажба на земјиштето кое што е во државна сопственост.

Според огласот кој го објави Министерството за земјоделство во тек е изработка на годишната Програма за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост во која ќе бидат определени површините кои ќе бидат предмет на продажба.
– Продажбата на земјоделско земјиште за кое ќе биде доставена иницијатива ќе биде извршена по пат на јавен оглас и електронско јавно наддавање, а при продажбата на земјоделско земјиште во државна сопственост за кое постои договор за закуп кој е на сила, право на првенство на купување има постојниот закупец. Правото на првенствено купување се остварува со прифаќање и плаќање на највисоко постигнатата цена на земјиштето на електронското јавно наддавање – се вели во огласот од Министерството. Според информацијата, правото на на првенствено купување можат да го остварат само закупци кои уредно ги исполнувале обврските од договорот за закуп, кои ги подмириле сите обврски за плаќање на закупнината и кои немаат неподмирени јавни давачки и обврски по основ на неплатена водарина и пашарина. Земјоделците имаат рок до 22 месецов да се пријават ако сакаат да го откупат државното земјоделско земјиште кое го користат.

Извор: vecer.com.mk

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …