Почетна / Вести Македонија / Македонија и Унгарија ја интезивираат соработката во земјоделството

Македонија и Унгарија ја интезивираат соработката во земјоделството

Продлабочување на односите во земјоделството и потпишување меморандум за соработка во оваа сфера договорија министерот за земјоделство, Љупчо Димовски и унгарскиот министер за рурален развој Шандор Фазекаш.

Сточарството, биотехнолгоијата и производството на овошје и зеленчук, се секторите за кои постои најголем интерес од унгарска страна. Посебно битен сегмент, како што изјави Фазекаш по средбата, е заштитата на животната средина, но големо внимание ќе се посвети и на бизнис релациите, односно на реализирањето што почести, директни контакти меѓу стопанствениците од двете земји.
– Унгарија ги поддржува евроатлантските аспирации на Македонија, но дојде време да ја интензивираме и соработката во областа на земјоделството. Воедно постои можност преку Владата на Унгарија и ФАО, македонски експерти да добијат можност за дообразование на нашите факултети -рече Фазекаш.

Ова е негова прва официјална посета на Македонија, но трета средба со министерот Димовски.
– Веќе го реализиравме она што беше договрено на првите две средби. Во фокусот на соработката е, пред се, интензивирањето на размената, но за нас се секако многу битни и унгарските искуства за евроинтеграцискиот процес – нагласи министерот Димовски.
Унгарија годишно реализира околу шест милиони евра од извозот на земјоделски производи во Македонија кој е генерално сведен на житарки и месни производи, а увезува половина од оваа сума, најмногу зелечук и вино.

Извор: http://vecer.com.mk/?ItemID=20277C65BF2FE345BBFCA759BD9DB0B1

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …