Интензивно се одвиваат подготовките за изградбата на нова винарска визба во Kавадарци од страна на германски инвеститор, информираат денеска од менаџерскиот тим на винарницата.
Германскиот сопственик планира новиот објект да биде готов до почетокот на бербата на грозје, до септември. Веќе се чисти теренот каде што некогаш беше ладилникот во Kавадарци за на негово место да се изгради новата винарска визба.
– За почеток, треба да се откупат околу 10 милиони килограми грозје, од кои ќе се направат околу 7 милиони литри вино. Ќе се произведува само вино од повеќе вински сорти, не и ракија. Станува збор за чисто германски капитал. Се очекува да се вработат 20-ина луѓе – информираат од менаџерскиот тим. (С.Д.)
Извор:http://dnevnik.mk/default.asp?ItemID=634DDDEDAA17C34E95E545321119035B