Почетна / Вести Македонија / Етно ден на младите фармери

Етно ден на младите фармери

Етно ден на младите фармерии се одржа вчера во струмичкото село Габрово, од каде се испрати порака дека само со остварување дијалог и соработка на сите нивоа, од македонското село може да се направи успешна приказна.

Како што рече координаторот на регионалната канцеларија на Мрежата на млади фармери од Струмица Томе Тимов, се поголем број млади луѓе својата иднина ја гледаат во развојот на аграрот, почнување семејни бизиси и рурален туризам.
– Треба да ја гледаме иднината во сопствените села, да ги заживуваме и развиваме. Нивното изумирање и миграцијата се голем проблем особено во планинските региони. За негово надминување неопходен е ангажман на целото општество, нагласи Тимов.

Според Никола Стаменов од Управниот одбор на Федерацијата на фармери, државата со субвенциите, програмите за рурален развој и ИПАРД, изнаоѓа начин да им помогне на аграрот и руралните средини.
– Но, тука треба да се вклучат и општините, со изградба на инфраструктура, отворање градинки и училишта, како и создавање услови за развој на малиот семеен бизнис – истакна Стаменов, кој го промовираше новиот проект на ФФРМ Почувствувај го здравиот рурален животт финасиран од ИПА-програмата на ЕУ за прекугранична соработка со соседна Албанија што треба да се имплементира во Полошко и Пелагониско.

Младите фармери треба да имаат идеја за квалитетно, здраво и исплатливо производство, порачуваат експертите.
– Идејата се добива и од барањето на потрошувачите, но пред да се прифати добро е да се проанализира, да се согледа дали е економски исплатлива, да се пресметаат трошоците, да се знае дали ќе има и колкав ќе биде профитот. Дури потоа може да се размислува за бизнис план и да се конкретизира – рече универзитетскиот професор Миле Пешевски на годишното собрание на Мрежата на млади фармери на Македонија. Професорката Сузана Кратовалиева ја истакна важноста на квалитетниот семенски материјал за земјоделството. Таа забележа дека иако имаме автохтони семиња, има и увоз, но за среќа, има и рурални подрачја во кои се зачувани автохтоните семиња.

Извор: vecer.com.mk

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …