Подружницата на Шумското стопанство “Кожуф” од Гевгелија денеска информира дека бербата на боровинки и други шумски плодови официјално ќе почне на 1 август.
Заинтересираните граѓани треба да се евидентираат во Регистарот на собирачи на шумски плодови за да можат непречено да престојуваат во планина.
Годишната дозвола за берачите на шумски плодови чини 400 денари и се издава во гевгелиската подружница на Шумското стопанство “Кожуф”. Заради заштита од пожари на берачите на шумски плодови, кампирање во планината ќе им биде дозволено само на одредено место за таа намена. Против оние што ќе бидат затекнати во берба пред почетокот на бербата и без дозвола ќе бидат поднесени прекршочни пријави. Глобата за сторениот прекршок изнесува од 3.500 до 4.000 евра во денарска противвредност.
Извор: vecer.com.mk