Почетна / Агроекономија и агробизнис / АгриМК на Агробизнис форум 2012

АгриМК на Агробизнис форум 2012

AIESEC Скопје во соработка со Факултетот за земјоделски науки и храна по вторпат организира тридневен едукативен семинар насловен „АгроБизнис Форум 2012“ (AgriBusiness Forum 2012). Настанот ќе се одржи од 18 до 20 декември 2012 година во просториите на факултетот. АгриМК ќе земе учество на форумот во понеделник 18 Декември во 15:20 часот на тема: Потреба за актуелизирање на агробизнисот помеѓу младите. Ги покануваме сите читатели да присуствуваат.

Целта на овој проект е промоција на значењето на земјоделството како важна стопанска гранка во Македонија, стекнување дополнително практично и теоретско искуство за студентите, како и интеракција помеѓу студентите и корпоративниот сектор.

Котизацијата за учество на „АгроБизнис Форум 2012“ изнесува 190 денари. По завршувањето на семинарот, на сите учесници ќе им бидат поделени сертификати. Програмата е прикажана подолу, а за подетални информации – посетете ја страницата на Фејсбук.

Check Also

Агро-прехранбениот сектор во Европа и Централна Азија оценет како “иновативен” и “инклузивен”

Агро-прехранбениот сектор во Европа и Централна Азија оценет како “иновативен” и “инклузивен“   18-ти мај …