Рокот за поднесување барања за субвенции во земјоделството истекува на 31 мај годинава, а од ресорното министерство апелираат сите што с` уште не поднеле барање да се обратат во подрачната единица каде што имаат регистрирано земјоделско стопанство за да поднесат барање во пропишаниот рок.
Барањето се поднесува електронски, без доставување документи, а врз основа на претходно евидентирани податоци во Единствениот регистар на земјоделски стопанства и Регистарот за идентификација и регистрација на домашни животни. Одгледувачите на говеда, овци, кози и пчели пред поднесување на барањето треба задолжително да ја проверат и по потреба да ја ажурираат состојбата на животните во ветеринарното друштво со кое имаат склучено договор.
– Стриктното почитување на рокот на поднесување барање за финансиска поддршка треба да овозможи навремено спроведување на сите потребни постапки за обработка на барањата и исплата на средствата согласно предвидениот распоред во текот на годината, кој е усогласен со типот на земјоделското производство – велат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Извор: dnevnik.mk
агри.мк Портал за промоција, развој и поттикнување на земјоделството во Македонија